Колку се важни странските јазици при вработување?
Меѓу критериумите кои претприемачите ги бараат на огласите за работа, често се наведува познавањето на англискиот или друг странски јазик.
Способноста за читање, пишување и водење разговор на странски јазик денес се очекува од персоналот на многу работни места. Дури и ако позицијата за која конкурирате не бара течна употреба на англискиот јазик, секако вашето познавање ќе ве издвои од другите и ќе ги зголеми вашите шанси за вработување. Дел од работодавците прават тестови со кои го утврдуваат нивото на владеење на англискиот јазик кај кандидатите. Добро би било вашиот фонд на зборови да биде поврзан за струката, а можете да го усовршите и со посетување на курс на англиски јазик наменет за економистите, менаџерите и другите работиници. Ако аплицирате за работно место во голема компанија, важно е вашето познавање на англиски јазик да биде на средно или напредно ниво. Шансите за вработување можете значително да ги зголемите ако освен англиски, знаете и друг светски јазик.
Слично
