Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку се платени програмерите во различни земји?

Колку се платени програмерите во различни земји?

Бугарските програмери се на четврто место во светот по плаќање, покажува статистиката на компанијата PayScale и Меѓународниот монетарен фонд, која била обработена од софтверскиот инженер Рамиро Гомез.

Статистиката е според податоците од периодот мај 2013 година до мај 2014 година

Во неа се вклучени податоци за 50 земји. Испитаници биле луѓе со стаж меѓу две и пет години, и  токму нивните плати се просек. Потоа резултатите се споредени со просечната годишна плата во дадената земја. Колку повеќе над просечната плата земаат програмерите во земјата, толку повисоко се во заедничката листа.

Според овој показател бугарските програмери се рангирани на 4-то место во светот со просечна годишна плата од 25 200 долари, што е 3,28 пати над просекот. На прво место е Пакистан. Таму програмерите добиваат само по 7200 долари просечна годишна плата, но тоа е 5.56 пати над националниот просек.

Генерално бугарските програмери добиваат едни од највисоките плати во Европа во однос на просечниот приход. Со вакво достигнување можат да се пофалат и украинските софтверски инженери.

На второ место на вкупната листа е Индија, каде програмерите добиваат 3.91 пати над просекот, или 6200 долари годишно. На трето место е Јужна Африка односно со 24.000 долари годишно, што е 3.64 пати над просекот. Топ пет се затвора со Кина со просечна плата за програмерите од 23 100 долари годишно, што е 3,15 пати над просекот.

Во САД инженерите добиваат 1.38 пати над просечниот приход. Во слични рамки се и платите на програмерите во речиси цела Западна Европа.

Слично

Поврзани вести