Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку се чека на Табановце и Богородица?

Колку се чека на Табановце и Богородица?

И денеска има гужви на граничните премини Табановце и Богородица. 

За тоа каква е состојбата информира Автомото  сојузот на Македонија(АМСМ). 

„На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40-60 минути и на ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, соопшти АМСМ. 

Со денови има метеж на овие два гранични премини поради летната туристичка сезона. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

Слично

Поврзани вести