Kолку се чека на граничните премини Табановце и Богородица?
Гужва има на граничните премини Табановце и Богородица.
На Богородица за излез и на Табановце за влез во државата има зголемена фреквенција, а времето на чекање е околу 30 минути до еден час. Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На магистралниот пат А-3 кај с.Очипала на патниот правец Македонска Каменица-Делчево, сообраќајот се одвива наизменично во една коловозна лента за сите видови на возила.
Слично
