Колку се чека денес на Табановце?
Денес ако патувате во Србија, има мал застој на граничниот премин Табановце.
АМСМ информира дека на Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата е околу 20 минути. Вчера се чекаше и по 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Поради продолжениот викенд имаше гужва на границите, а дел од граѓаните заминаа на ревакцинација во Србија.
Слично
