Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку садници ќе бидат засадени утре - детали за новата акција „Ден на дрвото“

Колку садници ќе бидат засадени утре - детали за новата акција „Ден на дрвото“

Според податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за утрешната акција на денот на дрвото планирано е да бидат пошумени вкупно 503,89 хектари со 2.611.143 милиони садници.

Акцијата ќе се спроведува на 60 локации во 30 подружници (катастарски општини), а за пошумување ќе се користат црн и бел, бор, багрем, јасен, јавор, чемпрес, аризонски чемпрес, смрча, дуглазија, даб, питом костен, дива круша, црн орев...,

Според МЗШВ дополнително, по 2.000 леандри (вкупно 4.000) ќе бидат засадени покрај автопатот Демир Капија -Смоквица и во општина Дојран, а обезбедени се и 300 декоративни садници од кои 150 (четинари повисоки од 130 сантиметри) за Здружението на граѓани „Ден на дрвото ­ засади ја својата иднина!“

Во организација на акцијата се вклучени голем број на институции, а има и отворен повик за сите заинтересирани граѓани да се придружат.

По повод Денот на дрвото, утре, 30 ноември, е неработен ден, освен за здравствените институции. Градинките треба да се со вообичаеното работно време. Датумот за одработување на овој ден дополнително ќе биде определен.


Слично

Поврзани вести