Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку реално би се вратиле да живеете од град во село?

Колку реално би се вратиле да живеете од град во село?

Се повеќе села ширум земјата се полупразни, во некои дури пак и речиси да нема жители. Причина-иселувањето и борба за егзистенција во поголемите градови.

Факт е дека светот оди напред а животот на село иако е поздрав и поубав реално изумира.

Се повеќе млади и семејства бегаат од селскиот начин на живот во потрага по подобра работа и поголеми примања, додека на село остануваат повозрасните кои преживуваат со просечна пензија и она што ќе го посеат и одгледаат. 

Токму враќањето од град во село почна да го промовира владеачката гарнитура која дава субвенции од 6 000 евра за обнова, или изградба на куќа, се нудат бенефиции за државно земјоделско земјиште, како и еднократна парична помош од 270.000 денари во тек на 18 месеци.  

Проектот пред се е наменет за лица кои претходно мигрирале од село кон град и се уште имаат имот на село, но и оние кои мигрирале од село во град и не го задржале имотот и невработените лица од град а мерката можат да ја користат лица кои претходно мигрирале од село во град, а се уште имаат имот на село, невработени кои живеат во град, но и вработени со ниски примања односно месечниот буџет во семејството  да не биде над 32.000 денари. 

Разни критики и пофалби како од граѓаните така и од партиите доби овој проект на Владата .

Се поставува прашањето: Колку е реално тоа и колкумина навистина би се вратиле да живеат на село, кога веќе навикнале на градските навики и брзо секојдневие?

Имајќи го предвид и фактот дека руралните средини и села кај нас не се толку развиени, бидејќи постојат села каде жителите буквално треба да патуваат до најблиското место или град да си купат леб и намирници надлежните би требало да се запрашаат како би опстојувале тие семејства таму?

Во моментов, близу 150 села се сосема празни, а во 300 има по 20-ина жители додека пак речиси една третина од населението во Македонија живее во скопскиот регион, што е за 10 пати повеќе во споредба со Вардарскиот, покажуваат демографските податоци од Државната статистика.

Кое е вашето мислење за оваа проблематика?

Слично

Поврзани вести