Колку пријави за изборни нерегуларности има во Основните јавни обвинителства?
Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија ја информира јавноста дека будно ги следи сите случувања за време на изборниот процес и денеска за време на гласањето.
Во сите јавни обвинителства во Република Македонија, покрај редовните дежурства, организирани се и дополнителни дежурства од јавни обвинители со цел приоритетно, итно да се постапува по предмети поврзани со изборниот процес.
„До овој момент, во Основните јавни обвинителства има неколку пријави за изборни нерегуларности, за кои надлежните Основни јавни обвинителства преземаат дејствија во насока на утврдување на фактите за постоење на елементи на сторени кривични дела предвидени во Глава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето“ - додаваат оттаму.
Комисијата за следење на изборни нерегуларности продолжува да ја координира работата на јавните обвинителства во врска со откривање и гонење на сторители на кривични дела поврзани со изборите, за што во континуитет јавноста ќе биде известувана.
