Колку прекршоци регистрирал „Безбеден град“ минатата недела?
Во периодот од 9-ти до 15-ти месецов системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирал вкупно 4.490 прекршоци, што е за 10 отсто помалку во споредба со првата седмица во февруари кога биле регистрирани 4.991 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи(МВР).
Од вкупниот број регистрирани прекршоци најголем број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.297, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 33, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 160 прекршоци.
Изречени се вкупно 148 мерки „забрана за управување со возило“, чиј број бележи намалување од 48,6 отсто во однос на минатата седмица. Од забраните 33 се за минување на црвено светло, а 115 се за брзо возење. Од нив 99 се за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 12 за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило и 4 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.
