Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ ПОГОЛЕМА ЛИ ЌЕ БЕШЕ ЦАРИНАТА АКО МИЦКОСКИ И МУЦУНСКИ НЕ ГО ‚ЗАПОСЕДНАА' ВАШИНГТОН“ - Андреј Жерновски чека објаснување од премиерот и министерот

КОЛКУ ПОГОЛЕМА ЛИ ЌЕ БЕШЕ ЦАРИНАТА АКО МИЦКОСКИ И МУЦУНСКИ НЕ ГО ‚ЗАПОСЕДНАА' ВАШИНГТОН“ - Андреј Жерновски чека објаснување од премиерот и министерот

По воведувањето на царините од 33 отсто за македонија од страна на Соединетите Американски Држави, се огласи и поранешнипот амбасадор и заменик министер, Андреј Жерновски.
„Колку поголема ли ќе беше царината ако Мицкоски и Муцунски не го “запоседнаа Вашингтон”?

Повеќе пати укажував(ме) на исклучутелно штетниот и ризичен, поточно коцкарски начин на водење на надворешната политика на актуелната Влада. Нивното крајно непотребно и неразумно отфрлање на ЕУ, во комбинација со недоветното популистичко додворување кон Трамп не’ турнаа во оваа состојба, во која Брисел не’ отпишува, а Вашингтон не не’ запишува.

САД ни воведоа 33 отсто царини за увоз од Македонија, што значи дека владините не-знам-веќе-колку туристички прошетки до Вашингтон во бизнис класа не вродија со никаков резултат. Напротив!

Најавените царини ќе се одразат на нашето население, а дополнителен проблем ни претставуваат царините што ги воведе САД за Европската унија. Ова особено ќе влијае на нашиот увоз, бидејќи ние сме увозно зависна земја од ЕУ. Секако дека ќе има и индиректни последици, бидејќи ЕУ веќе подготвува контрамерки.

Чекаме одговор од Мицковски и Муцунски, кои катадневно не’ уверуваа дека “со новата администрација на Трамп имаме историски односи” и дека “доаѓа новото нормално во кое сме го запоседнале Вашингтон”. Ќе беше смешно, да не беше трагично“, пишува на фејсбук Андреј Жерновски.


Слично

Поврзани вести