Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ ПОЧИНАТИ, ТОЛКУ КАРАНФИЛИ ПРЕД ВЛАДАТА: ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче

КОЛКУ ПОЧИНАТИ, ТОЛКУ КАРАНФИЛИ ПРЕД ВЛАДАТА: ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче

ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќиња пред Владата за починатите од коронавирусот. 

Тие оставија 1.071 каранфил пред Владата

Партијата како организатор на протестот истакнува дека министерот за здравство, Венко Филипче не е способен да ги заштити граѓаните.  Според нив, 12.762 активни случаи од Ковид – 19 ја потврдуваат негрижата на Филипче за граѓаните.

ВМРО - ДПМНЕ побара оставка од министерот Филипче, кој, заедно со претседателот на Владата Зоран Заев ги сметаат за најголеми виновници за смртта на 1.071 починат пациент од Ковид-19 во Македонија.

„Секојдневната бројка на новозаразени и починати од КОВИД-19 алармира дека министерот за геноцид Филипче не е способен да ги заштити граѓаните. 12.002 активни случаи од Ковид– 19 ја потврдуваат негрижата на Филипче за граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека 1.071 починат не е само бројка, се работи за човечки живот, и затоа побара веднаш оставка од Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ и претходно бараа министерот да поднесе оставка. 

За 24 часа имаме 13 починати од коронавирусот. 

Починати се еден пациент од Скопје (86г), еден од Штип (87г), четврорица пациенти од Прилеп (50, 65, 75 и 73г), еден од Тетово (71г), еден од Струга (31г), еден пациент од Битола (65г), еден од Охрид (82г), еден од Струмица (82г), еден од Кочани (72г) и еден пациент од Берово (76г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Слично

Поврзани вести