Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку платеници од Македонија загинале во Украина?

Колку платеници од Македонија загинале во Украина?

Во Украина загинале 24 платеници од Македонија. 

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје сподели информација на руското Министерство за одбрана според која во борбите со руските сили загинале 24 македонски државјани,  а вкупно на фронтот имало 79 платеници од нашата земја.  Сега во Украина би требало да се наоѓаат најмалку 36 лица од Македонија кои учествуваат во борбите.Руското Министерство за одбрана ги следи и регистрира по име и презиме сите странски платеници. 

„Според меѓународното хуманитарно право, странските платеници не се борци и најдоброто што ги чека, доколку бидат фатени живи, е судење и добивање на максимална затворска казна“, порачува министерството, а пренесува Амбасадата на Руската Федерација.

Платеници според списокот има од Полска, Романија, Британија, Белорусија, Франција, Португалија, Хрватска, БиХ, Албанија, Естонија, Германија, Ирска, Финска, Италија, Косово, Литванија, Шпанија, Молдавија и многу други. 


foto EPA/SERGEI ILNITSKY

Слично

Поврзани вести