Колку патници лани користеле такси-превоз во Македонија?
Лани такси-превозот во државата го користеле вкупно 18.449.000 патници, според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Статистичкиот преглед потврдува дека огромното мнозинство од граѓаните ги користеле овие услуги за секојдневни урбани потреби, при што дури 16.964.000 патници се превезени во градскиот сообраќај, додека во меѓуградскиот такси-превоз се регистрирани 1.485.000 патници.
За реализација на овие патувања биле ангажирани вкупно 1.982 патнички автомобили регистрирани како такси-возила. На целата територија на државата со такси возила се изминати 60.158.000 километри. Најголемиот дел, односно 53.418.000 километри се направени низ градските средини, додека останатите 6.740.000 километри се изминати при реализација на патувањата во меѓуградскиот сообраќај.
foto freepik.com
