Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари заработи Скопје од Супер купот?

Колку пари заработи Скопје од Супер купот?

Според првичните прогнози за деновите на и околу одржувањето на Суперкупот на Уефа во Скопје градот заработил дваесетина милиони евра од странските туристи кои дојдоа да го видат фубалскиот спектакл меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, со тоа што секако најголемиот ќар го однесоа угостителите. 

Во трошењата се пресметани и парите на домашните посетители кои овие денови го искористија Суперкупот за забава и една вистиснка фудбалска фестивалска атмосфера. Токму тоа расположение и позитивна атмосфера придонесе да нема никакви инциденти, ниту пресметки меѓу навивачи или пак екцеси во конзумација на алкохол. 

МВР вчера информираше дека имале само три регистрирани случаи на прекршоци и тоа петмина приведени за препродавање на карти, други за продавање на нелиценцирана спортска опрема и еден грабеж врз британски турист. За активностите низ плоштадот се пофалија и од град Скопје за посетеноста.

Градските власти пак од својот буџет издвоиле околу 200 илјади евра за организација од кои најмногу за неутралната фан зона на која продефилирале околу 100 илјади граѓани . Секако тука беа и фан зоните на двете екипи. Градоначалникот Трајановски пак се огради од забелешките на граѓаните бидејќи натпреварот не се пренесуваше на видеобимот на градскиот плоштад. Изрази жалење што немало пренос но вели тоа не било под нивна надлежност.

И од ФФМ велат дека се задоволни од тоа како поминала целата организација околу натпреварот во чии дух живееше градот. Од таму тврдат дека земјава е во добра насока да биде повторно организатор на вакви фудбалски спектакли.

Дека натпреварот меѓу Реал и Манчестер поминал мирно и за фановите на двете екипи синоќа информираа од Министерството за здравство.

„На Клиниката за токсикологија не е примен ниту еден пациент, во службата за Итна медицинска помош не се регистрирани колапси, а само еден странски државјанин со скршеница на рака е транспортиран во Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“, велат оттаму.

Исто така, и од Ургентниот центар во комплексот клиники информираат дека ноќта поминала мирно и без зголемен број интервенции.

Оваа состојба, додаваат од Министерството за здравство, покажува зголемена свесност кај граѓаните и почитување на здравствените препораки.


Слично

Поврзани вести