КОЛКУ ПАРИ СЕ ВРТАТ ВО ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР ВО МАКЕДОНИЈА: Првиот човек на „Триглав“, Ѓорѓе Војновиќ во „Бизнис муабети“ на Фактор
Осигурувањето не е трошок, туку инвестиција. Во Македонија се уште е мал процентот на осигуран имот едвај 10 отсто. Осигурителниот бизнис во Македонија годишно врти од 150 до 180 милиони евра, додека во Словенија само Триглав врти милијарда евра, вели Ѓорѓе Војновиќ, првиот човек на Триглав Осигурување АД Скопје во Бизнис муабети на Фактор.
Со Војновиќ поранешен македонски репрезентативец во кошарка, зборуваме и за спортот. Дали Војновиќ денес од дистанца е повеќе за Работничи или МЗТ Скопје. Гледајте го денеска поткастот „Бизнис муабети“ на Фактор, a ова се само дел од најинтересните извадоци.
-Многу ретко те бараат за да купат полиса, најчесто бараат помош кога има проблем. На пример, пред некој ден ми се јавува пријател, вели дека му изгорело возилото, пепел целосно. Јас му посочив да повика пожарна, да направат записник, и врз основа на тоа нашите луѓе ќе направат проценка на штетата, па му велам без грижа, ќе те обештетиме. Но од другата страна на слушалицата....штама...сваќам дека возилото не е осигурано, и едноставно нема основа за исплаќање на штета.
-Луѓето во Македонија издвојуваат само по 120 евра за осигурување, додека во Словенија дури 2.000 евра. Оваа сума е по глава на жител.Што значи дека луѓето во Македонија издвоујаат минимално....
-Можеби ќе звучи вулгарно, но има популарни личности кои осигуруваат делови од своето тело за многу високи суми, на пример задникот, зошто? Затоа што задникот, гласот или што и да е друго е извор на заработувачка.
Довербата е основа за се во животот, за бизнис, за релации, за врски, за се...и тоа е прво нешто што ние мораме да го имаме со клиентите. Второ, на осигурувањето треба да се гледа како инвестиција, а не како трошок. На пример, еве овде има опрема од 20.000 евра, а за осоигурување на таа опрема плаќеш да речеме 200 евра, ако тоа го гледаме како пари, тогаш е трошок, но ако го гледаме како осигурување на 20.000 евра тогаш е имвестиција.
Како поранешен кошаркар, директорот на Триглав открива дали е повеже за Работнички или за МЗТ.
Во продолжение погледнете го целиот разговор....
