Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари се собрани од донации на телефонските броеви за поплавените?

Колку пари се собрани од донации на телефонските броеви за поплавените?

На жиро сметката на Фонд на солидарност на Црвен крст, собрани се над 350.000 евра.

Овие средства се обезбедени од граѓаните со донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400.  Со овие пари ќе им се помогне на граѓаните кои претрпеа огромни штети од невремето, оштетени им се куќите, возилата, покуќнината и друго.

Волонтери од цела Македонија помагаат за санирање на штетите од поплавите кои се случија минатата сабота.

Донираа многу компании, но и странски држави помогнаа со техничка помош и луѓе за испумпување на вода.

Синоптичарите кажаа дека вакво невреме се случува еднаш во 1000 години. Нивното објаснување беше дека „водена бомба“ се истури над делови од Скопје.

Слично

Поврзани вести