Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари прават „Мамас Фоод“ и „Тргопродукт“ од бизнисот со ајвар

Колку пари прават „Мамас Фоод“ и „Тргопродукт“ од бизнисот со ајвар

Четири големи македонски капацитети за преработка и конзервирање зеленчуци и овошје лани направиле приходи од 25 милиони евра покажува анализата на Фактор. Сите четири компании се со седишта во југоисточна Македонија и по две во Струмица и околијата и другите две во Гевгелија.

Двете фирми на Заеви „Мамас Фоод“ и ќерката „Тргопродукт“ лани направиле приходи од речиси 15 милиони евра. 

Најголеми приходи од продажба лани има „Тргопродукт“ од струмичко Дабиле и тие изнесуваат 10 милиони евра и во однос на 2017 година бележат минимален раст од 3 отсто. Добивката на оваа компанија е 1,25 милиони евра и лани е за 27 отсто пониска од профитот остварен во 2017 година.

Нејзината фирма мајка е „Мамас Фоод“ од Струмица која во домашната јавност е позната по две работи. Првата е дека произведува фантастичен деликатес – традиционален ајвар и втората дека е дел од бизнис групацијата на поширокото семејство на Зоран Заев, претседателот на Владата и претседател на СДСМ. Оваа компанија лани има 4,76 милиони евра приходи и тие пораснале за речиси 13 отсто во однос на претходната година. Профитот на компанијата лани е за 10 пати поголем од претходната година и изнесува 382.000 евра.

Целата анализа читајте ја тука.

Слично

Поврзани вести