Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКУ ПАРИ МУ ДОНЕСЕ „ЛИДЛ“ НА ОСНОВАЧОТ? Шварц „врти“ голема пара, пред него се само акционерите на БМВ

КОЛКУ ПАРИ МУ ДОНЕСЕ „ЛИДЛ“ НА ОСНОВАЧОТ? Шварц „врти“ голема пара, пред него се само акционерите на БМВ

Најбогатите Германци се главните акционери на автомобилската компанија БМВ, Зузана Клатен и Штефан Квант, а нивниот имот се проценува на 40,5 милијарди евра, објави денеска економскиот неделник „Виршафтсвохе“.

На второ место е основачот на синџирот супермаркети Лидл, Дитер Шварц, со имот од 39,5 милијарди евра, а на трето е семејството Мерк, кое ја контролира истоимената фармацевтска и хемиска компанија, со богатство од 32 милијарди евра. .

Четвртото место го зазема семејството Рејман, кое е сопственик на холдингот ЈАБ - 30,5 милијарди евра, а на петтото место е претприемачот Клаус Мајкл Кине со 28,5 милијарди евра, пишува Wirschaftsvohe.


Слично

Поврзани вести