Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koлку пари ќе треба да одвојуваме за НАТО?

Koлку пари ќе треба да одвојуваме за НАТО?

За членството на нашата земја во НАТО годишно ќе се одвојуваат 1,2 милиони евра. 

Ова го изјави вчера вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Тоа не е голема сума. Факт е дека најголемиот дел од инвестирањето во НАТО е инвестирање во нашата одбрана и во нашата армија, а дека овој дел на трошоци не се трошоци од кои зависи буџетот на една земја“, изјави Шекеринска во гостувањето на емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Таа најави дека по потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО ќе следи зголемување на персоналот на Мисијата на Македонија во седиштето на Алијансата поради зголемениот обем на работа.

Министерката рече дека следниот месец прв пат, после долго време ќе испратиме наш претставник во командата во Монс, за да се подобрат и воените врски, бидејќи, како што посочи, голем дел од соработката со НАТО ќе биде со многу изразена воена димензија.

Слично

Поврзани вести