Економија, финансии, бизнис

Контакт

Референдумот ќе чини 3,5 милиони евра

Референдумот ќе чини 3,5 милиони евра

Трошоците за реализирање на референдумот за името, којшто согласно со денешната одлука на Собранието на Република Македонија ќе се одржи на 30 септември, ќе изнесуваат 3,5 милиони евра. 

Парите ќе бидат обезбедени од државниот буџет,  со прераспределба помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, како што е дефинирано во Одлуката која ја изгласа попладнево законодавниот дом. 

Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. По скратена постапка, без расправа, пратениците попладнево изгласаа и измени и дополнувања на Царинскиот законик, со што беше исцрпен дневниот ред на 57-мата

Одлуката за прераспределба на средствата беше донесена без расправа со 64 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“, а на неа и претходеа седници на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Претходно Собранието, со 68 гласови „за“, без „против“ и „воздржан“ и во отсуство на опозицијата, донесе одлука на 30 септември 2018 да се одржи референдум за името кој ќе биде консултативен.

Слично

Поврзани вести