Колку пари ќе потроши ЈСП за привремени вработувања?
ЈСП Скопје и ЈСП ТУРС на Бирото за јавни набавки објавија оглас за привремени вработувања во претпријатието со времетраењето на договорот од 12 месеци за што се спремни да платат околу 900 илјади евра.
Критериум за доделување на договорот е најниската цена. Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Понудите може да се достават најдоцна до 19 јуни.
Директорот на ЈСП, Игор Јанушев, изјави дека не станува збор за нови вработувања, туку дека ангажманот кој се бара преку Агенцијата е поврзан со потребите на ЈСП за регулирање на вработувањето за постојните кадри кои веќе се ангажирани, а на кои во јули им истекува договорот.
Извор: makfax,com.mk
Слично
