Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку пари ќе „голтне“ изградбата на експресниот пат Штип - Радовиш?

Колку пари ќе „голтне“ изградбата на експресниот пат Штип - Радовиш?

Официјално денеска стартуваше изградбата на експресен пат Штип - Радовиш.

Оваа инвестиција која е во должина од 23,5 километри, изнесува  27 милиони евра .

Новиот експресен пат според најавите ќе има две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од по два метри.

Премиерот  Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов денеска присуствуваа на отпочнувањето на градежните работи и од таму беше кажано дека овој експресен пат, кој ќе овозможи побрз транспорт на патници, но и на земјоделските производи од струмичкиот и радовишкиот регион треба да заврши во рок од три години.

„Штрабаг“ е компанија која била избрана како најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој и токму таа ќе го гради патот.

Слично

Поврзани вести