Колку пари ќе добиваат пратениците кои ќе изнајмат станови во Скопје?
Паричен надомест од 400 евра ќе има за пратениците кои ќе одлучат да изнајмат стан во Скопје.
На Комисијата за избори и именувања денеска е донесен ваков предлог.
Од 1 септември пратениците од внатрешноста на државата ќе можат да бираат дали ќе патуваат секој ден на работа со автомобил или ќе се сместат во Скопје.
На оние пратеници кои ќе одлучат да изнајмат стан, ќе им бидат дозволени парични средства од буџетот на Собранието за патни трошоци само за викенди и празници.
Пратениците имаат избор или да изнајмат стан или да патуваат со намалените парични средства како надомест за патните трошоци.
На оние пратеници, пак, кои ќе одлучат да патуваат со свој автомобил, паричните средства за патни трошоци ќе им бидат намалени од 30 на 20 отсто, а патарините мора да ги плаќаат електронски, односно со новите картички што ги издава „Македонија пат“, или со сопствени картички за кои подоцна покрај фискалната сметка ќе мора до Собранието да поднесат и печатена потврда со потпис како доказ за платена патарина.
