Колку пари ќе бидат потребни за сервисирање на Мерцедесот од 600.000 евра?
Владата на оглас бара фирма која ќе го сервисира мерцедесот од скоро 600.000 евра, а за чија што набавка неодамна на две години затвор беше осуден поранешниот премиер Никола Груевски, додека помошникот министер во МВР, Ѓоко Поповски доби шест години и шест месеци.
„Сервисирање на моторно возило марка MERCEDES BENZ тип S 600 – BLIND, во период од 12 месеци“- пишува во огласот.
Проценетата вреднос за сервисирање е 27.550 евра, а огласот на сајтот на Бирото за јавни набавки го објави Службата за општи и заеднички работа на Владата.
Слично
