Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку оздравени од коронавирусот има за 24 часа?

Колку оздравени од коронавирусот има за 24 часа?

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Неготино и Македонска Каменица  –  по 1, објави Министерството за здравство. 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистрирани се 4 нов случај на КОВИД-19, и тоа тројца од Скопје и еден од Прилеп. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.

Во осум македонски градови веќе нема заболени од коронавирусот. 

Активни случаи нема во Кавадарци, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран.  Дојран беше прв град кој се ослободи од вирусот. Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица, Валандово и Свети Николе имаат по 1 случај. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести