Koлку општини во недела ќе бираат градоначалници?
В недела во вториот круг од локалните избори 35 општини треба да изберат градоначалници.
Во трка за градоначалничка функција се 68 кандидати од 8 политички партии и 2 независни кандидати. Тие ќе ја бараат довербата на 833.710 граѓани на избирачкиот список кои своето право на глас ќе го остварат на 1.517 избирачки места.
Претходно, најмала разлика во гласови имаше во Штип каде Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ освои само 36 гласа повеќе од Благој Бочварски од СДСМ. Помалку од 100 гласа разлика во првиот круг имаше и во Демир Капија, Росоман и Чешиново Облешево.
Најголема предност по првиот круг имаше Теута Арифи во Тетово. Таа првиот круг го заврши со близу 4.500 гласа предност пред Билал Касами од БЕСА. Висока предност од над 3000 гласа ДУИ имаше пред БЕСА и во Сарај и Липково, додека во Чаир водеше со 1600 гласа разлика.
Во првиот круг најголем број од градоначалничките места ги освоија кадри на СДСМ.
