Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОЛКУ ОДБИЕНИ ЖАЛБИ? КОЛКУ ЗАЅИДАНИ СУДБИНИ?“: Апасиев со став за откирените пари кај судијата од Апелациониот суд

„КОЛКУ ОДБИЕНИ ЖАЛБИ? КОЛКУ ЗАЅИДАНИ СУДБИНИ?“: Апасиев со став за откирените пари кај судијата од Апелациониот суд

Објавата на Обвинителство дека во ѕид во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристовски се пронајдени 350 илјади евра, предизвика бројни реакции во јавноста. 

Меѓу нив и лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев, кој во кратки црти потенцираше колку голема штета е направена од дејствувањето на осомничениот судија. 

- А колку НЕПРАВДА има натрупано во тие 350.000 евра најдени кај апелациониот судија!?

Колку нарачани пресуди?

Колку одбиени жалби?

Колку заѕидани судбини? - пишува Апасиев. 


Апасиев и претходно на социјалните мрежи ја коментираше објавата дека се истражува домот на судијата, но и на неговите родители, и дека тој се поврзува со примање мито од адвокатот и пранешен државен правобранител Фехми Стафа.

- И не, не е најлошото што му нашле огромна сума пари од МИТО... Најлошото е што Судскиот совет го има ослободено од дисциплинска одговорност, иако јавна тајна беше дека е корумпиран (како и други негови колеги) - напиша Апасиев на Фејсбук. 



Слично

Поврзани вести