Колку од повредените кај Ласкарци се борат за живот?
Од Министерство за здравство информираат дека во Градската општа болница се наоѓаат осум пациенти од луѓето кои беа повредени во сообраќајка кај Ласкарци. Од нив еден пациент е во тешка состојба и се лекува на одделот за хируршка-интензивна нега, а останатите пациенти се во добра општа состојба.
„Што се однесува до состојбата на повредените кои се сместени во комплексот
клиники, информираме дека на КАРИЛ во моментов се третираат тројца пациенти,
од кои еден е во тешка состојба, додека другите двајца се стабилни.На
Универзитетската клиника за неврохирургија има една пациентка и таа во моментов е
во стабилна состојба.Исто така, информираме дека пациентот од трауматологија во
текот на денешниот ден ќе биде пуштен на домашно лекување“, соопштуваат од
Министерство.
Несреќата се случи на 13 месецов на патот Скопје - Тетово.
