Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку може да заработи македонски студент во Германија?

Колку може да заработи македонски студент во Германија?

Еден македонски студент во Германија доколку работи во текот на летото може да заработи од 1100 до 1400 евра нето плата.

Ова со своето лично искуство го поткрепува 27 - годишната Елена Андриеска од Прилеп, која два пати преку лето престојувала и работела во Германија. Таа е студент во 4-та година на Економскиот факултет во Прилеп, студиска програма сметководство финансии и ревизија. Аплицирала за работа во Германија, и работела во клиника и во спа центар. Оттаму има позитивни исксутва и вели дека разликата помеѓу работата во Македонија и надвор е тоа што може да се заработи многу повеќе за истата работа.  Објаснува дека за одредени работни места во Германија се бара само основно, а за други добро познавање на германскиот јазик.

„Првата година во Германија работев во комплексот Klinik Augustinum München  во одделот Bettzentrale. Мојата работа и работата на моите колеги (студенти) беше да им помагаме на вработените во подготовка на болничките кревети кои и се потребни на клиниката. Втората година во Германија работев во Therme Erding најголем спа центар во светот, во објектот Wellenbad, место кое ти го одзема здивот. Мојата прва реакција кога стапнав таму беше: Дефинитивно се наоѓам во рајот!“ - раскажува Андриеска.

13664868_10206815432684083_198684439_n

Таа вели дека за еден млад човек, работата во странство има низа предности, почнувајќи од добрата заработка, дружење, искуства, запознавање на нови луѓе и култури. Во текот на работата запознала луѓе од Турција, Грузија, Латвија, Полска, Италија, Бразил и други земји.

„Да, може солидно да се заработи. Доказ се се поголемиот број на македонски студенти кои летото го користат за работа во странство. Од една страна се заработуваат доволно пари за студентот некое време во Македонија да има финансиска стабилност,  од друга страна: посетува многу места, се среќава со многу култури и секој ден учи по нешто ново.  Ние, како студенти имаме избор како да добиеме работна дозвола за работа во странство, дали преку агенции, посредници кои посредуваат во наоѓање на работа, или преку дирекно аплицирање во Zentrale Auslands-und Fachvermittung ( ZAV). Јас најдов работа преку дирекно аплицирање кај работодавачот во соодветната фирма“ - вели Андриеска.

За своите планови за во иднина, Андриеска вели дека планира да го заврши факултетот и понатаму ќе се стреми кон успешна кариера.

С.А.

Слично

Поврзани вести