Колку може да вреди човечки живот во Македонија?
Сите знаеме дека животот нема цена. Затоа што штетата за детето што нема да ја види мајката никогаш повеќе, за мајката што нема да го гушне синот или ќерката е ненадоместлива.
Што ни помина пред очи од последната трагедија со автобусот во кој загинаа 15 лица и уште десетина се тешко повредени? Ја видовме реалноста во земјава. Траума и солидарност, херои и губитници, огромна загуба, многу дилеми за системот на техничка контрола, безбедност на патиштата...
Максималната пропишана вредност на премијата што осигурителот на хаварисаниот автобус на „Дурмо“ ќе ја покрие е 675.000 евра.
Животот е бесценет, но зарем тие 675.000 евра не се беда што треба да се распредели сите оштетени, а ќе ги има стотина?
Слично
