Колку милијардери имало лани во светот?
Во 2015 година во светот живееле 2 400 лица со состојба над 1 милијарда долари.
Ова го покажува истражувањето на организацијата Wealth-X. Оваа организација секоја година пресметува колку се луѓето во светот со високи примања. Општата состојба на милијардери во светот во минатата година била 7,7 трилиони долари.
Вкупниот износ на богатството на милијардерите е поголем од БДП на повеќето земји во светот со исклучок на САД и Кина. Повеќето милијардери живеат во Европа: 806 лица од жителите на стариот континент имаат над 1 милијарда долари. За една година бројот на милијардери во Европа е зголемен за 4%. Нивното богатство вкупно изнесува 2,3 трилиони долари.
Северна Америка не заостанува со бројот на богатите - тие се 628 лица. Само што тие, иако помалку како број, се побогати од Европејците - вкупно нивната состојба изнесува 2,5 трилиони долари.
Лани Азија имаше намалување на бројот милијардери и нивното богатство. Бројот на богаташите на овој континент минатата година е зголемен за 15,2% до 645 лица, а вкупната состојба - со 19% е зголемена на 1,7 трилиони долари. На Близок Исток живеат 166 милијардери со вкупна актива од 450 милијарди долари.
И Африка има свои милијардери и тоа 41 кои имаат вкупно богатство од 98 милијарди долари. Бројот на жените меѓу милијардери заостанува од мажите - сè на сè 294 претставнички на понежниот пол владеат со 876 милијарди долари. Просечната возраст на милијардерите кај мажите е 63,2 година, а кај дамите - 62,2 година. Околу 85% од милијардерите во светот се во брак.
