Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку масовни ќе се протестите: Влегува ли Македонија во нова криза

Колку масовни ќе се протестите: Влегува ли Македонија во нова криза

Ќе се води ли политичката битка повторно на улица? Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ од следната недела почнува со организација на протести на улиците низ државата за, како што велат да го поразат лошото владеење на оваа влада. Овој начин на делување лидерот на партијата Христијан Мицкоски го најавува како делување кое ќе трае во следните неколку недели. Протестите ќе започнат од среда и ќе бидат организирани во повеќе градови низ Македонија. Мотивот, се тврди, е лошата економска ситуација во земјава, нереализираните ветувања кои СДСМ ги најави на последените парламентарни избори. 

Според дел од познавачите ова е најава за нова подлабока политичка криза во која влегува земјата. Дел сметаат дека ова е само еден блед обид за ВМРО-ДПМНЕ прикаже дека прави нешто во време кога таа е разјадена и внатре, со обвиненија и разединетост. Сепак, изненадување за аналитичарите е што како главен причина за протестите не се уставните измени, нешто што претходно беше клучна тема во нивните изјави. Од опозициската партија велат дека луѓето кои ќе излезат на протестите ќе се собираат пред штабот на ВМРО ДПМНЕ и заедно ќе движат кон владата.

Протести се совпаѓаат и со повикот на останати политички движења но и на зачеститени повици за протести кој претходно ги најавуваше и партијата Левица. Димитар Апасиев неколку пати на социјалните мрежи објави дека можна е црвена револуција.

Мицкоски вели дека на Македонија не и потребна нова реконструкција на владата туку нови избори. Од друга страна во владата се погласно се зборува за проветрување во министрествата. Извесно е дека ќе има нови министри. Протестите кои ВМРО ДПМНЕ ги најавува се случуваат во време кога власта и опозицијата зборуваат за законски решенија кои треба да доведат до помирување и намалување на тензиите во земјава. Дали тоа може да се случи? 

Т.Ѓ.

Слично

Поврзани вести