Колку мандати му следуваат на Аневски?
Хелсиншкиот комитет реагира на повторниот избор на Петар Аневски за претседател на Советот на јавни обвинители за кој сметаат дека е незаконски бидејќи во Законот за Советот на јавните обвинители во Член 8 став 3 стои: „Мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор“,.
Повторниот избор на г. Аневски претставува сериозна повреда на начелото на законитост. Ваквата одлука ја доведува во прашање компетентноста, независноста и непристрасноста на членовите на Советот како и неговата основна функција да ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција. Особено одговорен за ваквото незаконско постапување е самиот г. Аневски кој ја свикал и раководел со седницата за време на која и покрај тоа што не смеел се кандидирал за претседател, соопштија од Хелсиншки.
Аневски за Фокус посочува дека неговиот избор е легитимен бидејќи тој не е консеквентен, а претседател на Советот бил во неговиот претходен состав и им порача на Хелсиншки комитет убаво да го прочитаат законот.
Сепак, толкувањето на законот може да биде различно бидејќи не е убаво посочено дали на претседателот воопшто не му следува право не реизбор или само во последователен мандат од 2 години.
