Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку македонски државјани се борат за ИСИС?

Колку македонски државјани се борат за ИСИС?

Уште 15-тина лица од Македонија сè уште се активни борци на ИСИС, брифираат од безбедносните служби.  

Вкупниот број лица од Македонија кои се појавиле на боиштата како активни борци, повратници, загинати, жени или само како обиди за заминување, изнесува 156. Меѓу нив има 9 жени, 35 се загинати, 23 се веќе во затвор, а тројца се во затвор во Турција.

Повратници има 83, а од нив на слобода се 57 лица, за кои властите уверуваат дека редовно ги следат нивните активности и според сегашните проценки нема индиции за можно терористичко загрозување на безбедноста. 

Од безбедносните служби велат дека опаѓа бројот на македонски државјани кои заминуваат да војуваат на Блискиот Исток, особено по 2014 година кога со измените на Кривичниот законик може да се гонат лицата за учество во странски војски. 

Слично

Поврзани вести