Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку македонски државјани побарале евакуација од Блискиот Исток?

Колку македонски државјани побарале евакуација од Блискиот Исток?

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за МИА информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.

Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи“, велат од Министерството.

Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации. 

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Откако вчера САД и Израел го нападнаа Иран, тој возврати и сега има ескалација на Блискиот Исток. Од час во час, засегнатите страни информираат за бројот на загинати и повредени. 

Можно е САД и новото раководство на Иран да преговараат.

Иако САД тврди дека загинале тројца војници, Иран тврди дека се стотици.

Слично

Поврзани вести