Колку Македонци земале бугарски пасоши откако Бугарија влезе во ЕУ?
Познато е колку Македонци земале бугарски пасош за една ипол деценија.
Бугарското министерство за правда ги соопшти податоците за агенцијата БГНЕС. Откако Бугарија е дел од Европската Унија, 86.566 Македонци добиле бугарски пасоши. Тоа е повеќе од половина од сите граѓани на други држави што добиле бугарско државјанство – 162.865 луѓе. Минатата година околу 3.500 македонски граѓани поднеле молби за добивање бугарско државјанство. Во 2020 година, повеќе од 9.000 граѓани на Македонија добиле бугарски пасоши, а во 2021 година 7.692. Во Молдавија има 26.161 жител со бугарски пасоши, а во Украина досега има 14.391. Во Албанија 5.732 лица добиле бугарски пасоши. Во Србија има 9.494 граѓани со бугарски пасоши во последните 15 години. Бројките покажуваат дека бугарски пасоши добивале и Руси, Израелци, Турци, Ерменци…
Македонците земаат бугарски пасоши од економски причини, со цел да работат во земјите од ЕУ. Темата со бугарските пасоши повремено ја споменуваат и бугарските политичари. Тие тврдеа дека 100.000 или 120.000 Бугари живеат во Македонија.
