Колку Македонци аплицирале за бугарско државјанство?
Повеќе од 10 000 Македонци аплицирале за бугарско државјанство, oбјави денеска бугарската новинска агенција БТА.
Овие потадоци ги изнела бугарската министерка за правда, Цецка Цачева, која одговарала на пратенички прашања во бугарскиот парламент.
Таа рекла дека во последната година вкупно се поднесени 17 792 барања за бугарско државјанство кои во најголем дел биле поднесувани од страна на Македонци. Потоа следуваат барањата од државјани на Србија, Молдавија, Турција, Албанија, Израел и Русија.
Министерката рекла и дека се разгледани вкупно 16 313 барања, а државјанство е доделено во 9 848 случаи.
Слично
