Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку луѓе во Македонија досега починале од коронавирусот?

Колку луѓе во Македонија досега починале од коронавирусот?

Расте бројот на починати од коронавирусот во Македонија. 

Најновиот извештај на Министерството за здравство покажува дека од вирусот починале 775 луѓе. 

Во болнички услови за 24 часа починати се 3 лица, од Охрид (73г.), Гостивар (62г.) и Радовиш (72г.).   

Денес имаме највисок број на заразени на дневна основа откако почна пандемијата. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-184, Куманово-13, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-12, Тетово-19, Струга-6, Велес-4, Битола-10, Охрид-4, Кавадарци-5, Гостивар-4, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Кочани-17, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-11, Кичево-3, Неготино-1.

Слично

Поврзани вести