Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку луѓе се примени во ковид центрите во болниците низ Maкедонија?

Колку луѓе се примени во ковид центрите во болниците низ  Maкедонија?

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ  Maкедонија е пријавено дека се лекуваат вкупно 411 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. 

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 53 пациенти позитивен и суспектен на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 73, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 6 во Кичево 8, Кавадарци 45, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. 

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 667 и има околу 384 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла“, велат од Министерството за здравство. 

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

foto freepik

Слично

Поврзани вести