ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку луѓе се јавиле на повикот за пожарникари?

Колку луѓе се јавиле на повикот за пожарникари?

Помалку од 500 луѓе се јавиле на јавниот повик за пожарникари. 

Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и во справувањето со пожарите денеска завршува. Пријавените ќе бидат контактирани по што ќе треба да поминат дводневна обука. Потоа ќе следи селекција.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов денеска информираше дека се пријавени помалку од 500 кандидати, а во Скопје околу 50, иако, како што рече, очекувале бројка од 80 кандидати. 

„Во овој момент имаме нешто помалку од 500 пријавени кандидати на територија на државата. Нам ни беа потребни 400“, рече Ангелов.

Овие лица во следните два до три дена ќе бидат повикани во локалните територијални противпожарни единици и ќе почнат со обука. 

фото ДЗС

ad
Слично

Поврзани вести