Колку луѓе досега во Македонија се излечија од коронавирусот?
Излекувани се вкупно 17 лица од коронавирус во земјава.
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска се испишани пет пациенти, а со тоа вкупниот број на излекувани од коронавирусот изнесува 17.
Министерот за здравство Венко Филипче, кажа дека петте пациенти се негативни на двата контролни теста и се во добра општа состојба. Тие ќе се упатат на домашно лекување.
Слично
