Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку луѓе денеска ќе гласаат во своите домови?

Колку луѓе денеска ќе гласаат во своите домови?

Во своите домови денеска ќе гласаат 1.859 лица кои се пријавиле како болни и изнемоштени, како и лицата во домашен притвор. Најмногу болни се пријавиле во Демир Хисар – 145, во Прилеп – 143, во Струмица 107 и во Крива Паланка 100.

Референдумот во земјава ќе се спроведува на 3.480 избирачки места во 80 општини.  Гласачките места се отвораат во 7 часот наутро, а се затвораат во 19 часот вечерта. Гласачкиот материјал е веќе дистрибуиран до Општинските изборни комисии, а како што информираа од печатницата, ливчињата се испечатени со 20 типа на заштита, без никаква можност за копирање.

За гласање во 33 дипломатско конзуларни претставништва се пријавиле 2.695 македонски државјани. Најмногу ги има во  Берн, Венеција, Љубљана, Виена и Торонто, а најмалку, само 10, се пријавени во Будимпешта, 13 во Истанбул, 14 во Букурешт и 15 во Атина.

Слично

Поврзани вести