Колку луѓе на Запад работат без покачување од 2005 година?
Се зголеми уделот на граѓани чии плати стагнираат.
Две третини од населението во 25 развиени западни земји од 2005 година наваму зема иста плата без покачување. Оваа појава е особено изразена во Италија каде населението почнува да тоне во сиромаштија.
Околу 65 до 70% од населението во 25 развиени земји немало покачување на плати помеѓу 2004 и 2005 година.
Се работи за 500 милиони луѓе, чии плати стагнираат или се намалуваат.
Од 1993 до 2005 година само кај 2% од граѓаните во овие земји имало стагнација на платите, и многу е веројатно дека младите ќе живеат полошо од нивните родители.
Анализирани се примањата во Франција, Холандија, Шведска, Британија, САД, и други земји при што најлоши резултати имало во Италија.
Слично
