Колку лондонски пензионери се милионери?
Само во главниот град британските пензионери поседуваат имот за близу 130 милијарди фунти.
Повеќе од 50.000 жители на Лондон над 65-годишна возраст живеат во имот во вредност од повеќе од 1 милион фунти, а нивниот заеднички имот достигнува речиси 130 милијарди фунти, пишува во својот напис британскиот весник Telegraph.
Новото истражување покажува дека само во два региони на Лондон нема пензионери кои живеат во куќи вредни милиони. Во многу случаи сопствениците на скапи имоти ги купиле за многу помала сума од денешната вредност.
Во исто време, само 45% од Британците под 45-годишна возраст имаат сопствено живеалиште, што е за речиси 20 процентни поени помалку во споредба со 2004 година.
Слично
