КОЛКУ ЛИЦА СЕ ДЕКЛАРИРАЛЕ КАКО БУГАРИ НА ПОСЛЕДНИОТ ПОПИС - такви во земјава се 3.504 граѓани
Вкупно 3.504 лица што живеат во земјава се изјасниле како етнички Бугари за време на пописот. Државниот завод за статистика презентира податок дека тоа е 0,19 отсто од вкупното резидентно население во земјава.
Од овие лица мажи се 2.121, а жени се 1.383.
Ако се има предвид дека за време на пописот од 2002 година бројот на лица кои тогаш се декларираа како етнички Бугари бил 1.487, излегува дека сега бројката на овие лица е зголемена за повеќе од двојно.
Со оваа најнова бројка од пописот, Бугарите излегуваат како деветта по ред етничка заедница во земјава, според сегашниот процент на вклученост во резидентното население.
Тие се втора од заедниците кои не се опфатени со Уставот на државата, додека побројни од нив се Торбешите кои исто така се опфатени со Уставот и кои се според пописот 4.174 на број, со што како процент се 0,23 отсто од вкупното резидентно население во земјава.
Додека, пак, наспроти декларираните 3.504 лица како етнички, Бугари, дека бугарскиот им е мајчин јазик се изјасниле 1.519 лица од вкупното резидентно население што живее во земјава.
Од вкупното население, само 762 лица во своите според вообичаено го говорат бугарскиот јазик.
