Колку ќе заработи идниот првак на Лигата на Шампионите
УЕФА значително го зголеми паричниот награден фонд за претстојната сезона на елитната Лига на шампиони во фудбал со неверојатен буџет од 1.2 милијарди евра. Секоја победа во групната фаза на екипите ќе им носи по 1 милион долари, а за напредок во наредните кола ќе добијат по 2 милиони евра. Победникот на сезоната 2016-17 во Лигата на шампионите ќе биде награден со фантастични 15 милиони евра.
Оваа година зголеми се и средствата од маркетинг преку ТВ правата кои изнесуваат 482.9 милиони евра од вкупниот колач. Најмногу ќар ќе имаат англиските тимови поради скапите ТВ договори, па така ако тим од Англија стане шампион има потенцијал да заработи над 100 милиони евра во само една сезона.
Слично
