Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку кандидати влегуваат во трката за државен обвинител?

Колку кандидати влегуваат во трката за државен обвинител?

Дури 19 кандидати се пријавиле за државен обвинител, oбјави Телма. 

Вчера беше последен ден од огласот кој траеше 15 дена, но ќе се чека до понеделник за да не пристигне уште некоја апликација по пошта. Бројката од 19 кандидати е голема, но не и неочекувана со оглед на тоа што уште откако Владата побара разрешување на Марко Зврлевски во јавноста кандидатурата ја објавија повеќе правници. 

Освен веќе најавените кандидатури за адвокатите Звонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Александар Наков, нотарката Лорија Ваневска и професорот Сејфула Османи, за Телма потврдија дека се пријавиле, долгогодишниот обвинител, а сега членот на советот на јавните обивинители, Љубомир Јовески, адвокатот Тони Менкиновски, адвокатот Еленко Миланов, судијата Нуман Лимани. Дознаваме дека се пријавиле и адвокатот Арбен Голја и Стевица Сарковски. 

Слично

Поврзани вести