Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку изнесувала просечната нето и бруто плата во јули?

Колку изнесувала просечната нето и бруто плата во јули?

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2016, изнесува 22.334 денари, покажуваат најновите информации на Државниот завод за статистика. За истиот период сличен раст има и во исплатата на просечната месечна бруто-плата по вработен која во јули 2016 изнесува 32.837 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 102.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (9.0%), Административни и помошни услужни дејности (6.7%) и Информации и комуникации (6.2%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.6%), Преработувачка индустрија (3.4%) и Административни и помошни услужни дејности (1.8%).

Во јули 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Слично

Поврзани вести