Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку идеи доби Мицкоски од граѓаните?

Колку идеи доби Мицкоски од граѓаните?

Очекуваме над 1.500 идеи од граѓаните, градоначалниците од власта не дадоа отчет за сработеното, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека за првпат општините го креираат буџетот заедно со граѓаните.

„Првиот викенд беа повеќе од 800, сега веќе ако ја следиме и онаа динамика од вчерашниот и денешниов ден претпладнево, можеме да кажеме дека имаме повеќе од 1.500 пристигнати идеи“, рече Мицкоски. 

Оцени дека во Велес се реализирани многу проекти и покрај економската и енергетската криза. Вели дека за следната година се предвидуваат повеќе од 1,5 милиони евра за асфалтирање и реконструкција на улици, булевари и две спортски сали во населените места Дворови и Тунел.

Слично

Поврзани вести