„Колку и да звучи морбидно, трагедиите кај нас стануваат медиумски апарат за реанимација на СДС-комуњарска“: Милески со жестока критика
Остра критика беше упатена кон опозициската СДСМ, особено по пресконференциите кои деновиве се случија на темата немилите настани во земајва од Роберт Милески, наш бизнисмен кој живее и работи надвор од Македонија, но кој често се осврнува на политички случувања во земјава.
- Изгледа во Македонија трагедиите имаат уште една „општествена функција“ - да ја потсетат јавноста дека СДС-комуњарска сè уште постои. Ако не се случува ништо лошо, настанува вистинска политичка криза: нема прес-конференции, нема морални лекции, нема драматични реакции - напиша Милески на социјалните мрежи.
Но, тој не запре тука, туку укажа дека „колку и да звучи морбидно, трагедиите кај нас стануваат и медиумски апарат за реанимација на СДС-комуњарска“.
- Штом се случи несреќа - ете ја СДС-комуњарска со микрофон, подготвена да покаже дека пулсот сè уште чука.
Кога СДС-комуњарска живее од трагедии, тишината станува нејзин најголем непријател - нагласува Милески.
Еве ја целата негова објава:
Слично
